x

Galaxy Note 22 ќе биде претставен наредната година?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Септември, 2021 од GSM.mk

Galaxy Z Fold 3 доби и позитивни и негативни критики, но повеќето од нив беа позитивни. Повеќето рецензенти се согласуваат дека телефонот на преклоп не може да ја замени серијата Galaxy Note колку и да е добар. Од Samsung ги слушнаа тие коментари и можеби ќе претстават нова серија Galaxy Note.

Компанијата всушност никогаш не потврди официјално дека нема да претстави Galaxy Note серија. Тие објавија дека нема да ги претстават уредите од оваа серија поради проблеми со снабдување, па некои поради тоа помислија дека тука е крајот на серијата Galaxy Note.

Според некои информации, новата серија може да биде претставена веќе наредната година.

Познатиот типувач @Iceuniverse се надева дека тоа е точно. Според неговите извори, најверојатно ќе биде претставена новата серија Galaxy Note.


Дали ќе го наречат Galaxy Note 22 или Note 21 е најмалата грижа на обожавателите. Останува да видиме дали навистина наредната година ќе ја лансираат новата серија.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.