x

Galaxy Note 9: Нови официјални фотографии и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Август, 2018 од GSM.mk

Да ги погледнеме последните официјални фотографии и информации за Note 9, пред неговото претставување, кое ќе се одржи денес:

Станува збор за досега невидени фотографии од Galaxy Note 9 во Midnight Black и Ocean Blue боја, иако не откриваат нешто ново за уредот со кое не сме се запознале досега. Note 9 е сличен, но не ист на неговиот следбеник, со нов дизајн на дуалниот систем камери и релокација на скенерот за отпечатоци, како и со малку поголем “Infinity Display”. Како што веќе знаеме, најголемата промена ќе биде направена кај S Pen пенкалото, кое доаѓа со голем број нови функции и подобрувања.

Even more high-quality Galaxy Note 9 renders are leaked, full specs also 'confirmed'

Even more high-quality Galaxy Note 9 renders are leaked, full specs also 'confirmed'


Од спецификациите, потврдено е дека доаѓа со батерија од 4000mAh, 512GB меморија и 8GB RAM. Камерите на задната страна ќе бидат истите кои со кои доаѓа Galaxy S9 Plus. 

Последно, и цената на Note 9 веќе не е тајна. Уредот ќе биде малку поскап од неговиот претходник, со почетна цена од 950 до 1000 долари, во зависност од верзијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.