Galaxy Note 9 - eден од најочекуваните телефони за 2019 година, ќе биде претставен наскоро, на 9 август. Токму поради тоа, и поради конфликтот околу неговиот дизајн, решивме да го споредиме со неговиот претходник - Galaxy Note 8..

Според првите фотографии кои се појавија, Galaxy Note 9 ќе доаѓа со неверојатно тенки рамки од сите страни околу дисплејот. За жал, според други, наводно "реални" фотографии од Note 9, рамките беа речиси исти како оние на неговиот претходник.
Она што сигурно го знаеме, се димензиите на Galaxy Note 9. Еве ги уредите еден до друг:
Galaxy Note 9: 162 x 76.3 x 8.9 mm
Galaxy Note 8: 162.5 x 74.8 x 8.6 mm
Note 9 ќе доаѓа со 6.3 инчен QHD+ дисплеј, идентичен како оној на Note 8. Најголемата промена е во локацијата на скенерот за отпечатоци, кој ќе биде сместен под камерите на задната страна.Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.