x

Galaxy S10 E ќе биде буџетскиот уред во новата S10 серија!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јануари, 2019 од GSM.mk

Следниот месец, Samsung ќе ја најави долгоочекуваната S10 серија. Досега, се запознавме со голем дел од спецификациите на уредите, но едно нешто кое остана мистерија се имињата на овие смартфони...

Според новите информации, буџетскиот уред во серијата, кој досега беше познат како Galaxy S10 Lite, всушност ќе доаѓа под името Galaxy S10 E. Во моментот, не се знае логичната причина зашто компанијата го одбрала токму ова име за уредот. Една веројатност е дека "E" делот од името означува "економично", што би ја оправдало неговата пониска цена. Од друга страна, до ден денес сеуште не ја знаеме причината позади буџетскиот  iPhone XR на Apple, што значи дека Samsung можеби го одбрал името Galaxy S10 E, сметајќи дека звучи добро.

Покрај името на телефонот, други информации за уредот не се познати. Се зборува дека наместо скенер по дисплејот, со кој ќе доаѓаат другите S10 уреди, S10 E ќе има скенер за отпечатоци на задната страна.

Сега за сега, Samsung треба да претстави три нови уреди во S10 серијата - Galaxy S10 E, Galaxy S10 и Galaxy S10+. Нивното претставување е закажано за следниот месец. Станува збор за уреди кои ќе ја одбележат десетгодишнината од постоењето на S10 серија, поради што голем дел од фановите очекуваат смартфони со револуционерни и уникатни спецификации.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.