x

Galaxy S10 Plus vs S10 vs S10e: Споредба на батериите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Март, 2019 од GSM.mk

Трите нови Galaxy уреди конечно пристигнаа: 6.4 инчниот S10 Plus, 6.1 инчниот S10 и компактниот S10e. Доколку сте заинтересирани за еден од нив, веројатно би сакале да знаете колку се издржливи нивните батерии:

Една од друга, батериите се прилично различни:

  • Galaxy S10+: 4,100mAh
  • Galaxy S10: 3,400mAh 
  • Galaxy S10e: 3,100mAh 
Се разбира, овие бројки сами по себе не значат ништо. Затоа, направивме мала споредба на нивниот капацитет со минати S и Note модели на компанијата. Ова се резултатите:

Samsung Galaxy S10+

 7h 59 min (Добро)

Samsung Galaxy S10

 6h 45 min (Просечно)

Samsung Galaxy S10e

 7h (Добро)

Samsung Galaxy S9+

 8h 5 min (Одлично)

Samsung Galaxy S9

 7h 23 min (Добро)

Samsung Galaxy Note 9

 8h 56 min (Одлично)

Samsung Galaxy Note 8

 7h 50 min (Добро)

Samsung Galaxy S8+

 8h (Одлично)

Samsung Galaxy S8

 8h 22 min (Одлично)

Првото нешто кое се забележува, како што беше очекувано, е дека S10 Plus постигна најдобар резултат, бидејќи има најголема батерија од трите. Интересно е што S10e и покрај малата батерија, постигна повисок резултат од S10. 
Од друга страна, во споредба со постарите модели, резултатите се релативно исти.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.