x

Galaxy S11: Сите карактеристики кои ги знаеме досега!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 02 Декември, 2019 од GSM.mk

Спецификациите на S11 се веќе речиси целосно споделени. Еве се што знаеме за новата серија:

Една од главните промени во дизајнот е новиот Premium Hole Infinity дисплеј, а ќе има и стаклено-метална конструкција. Целосните димензии се од 161.9 x 73.7 x 7.8mm. Кај S11+ очекуваме 6.9 инчен панел, а кај S11 ќе има 6.7 инчен панел. 

На задниот дел ќе се наоѓа главна камера која ќе биде со резолуција од 108 мегапиксели и која ветува одличен квалитет. Заедно со неа ќе има и 58 мегапикселна камера, како и ултра широкоаголна камера. Ќе бидат присутни и два ToF сензори. Една од најинтересните функции е што овие камери ќе може да снимаат 8K видеа. 

Во внатрешниот дел ќе се наоѓа Snapdragon 865 како процесор во Америка и Exynos 990 во Европа. Процесорите ќе бидат придружени од 8GB RAM и 256GB меморија. Кај S11+ батеријата ќе биде од 4900mAh. 


Од сите модели кои ќе бидат претставени, 5G моделот ќе има цена од 999 долари, а S11+ ќе чини 1099 долари. 

Најавувањето на S11 серијата ќе биде во февруари, 2020-та година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.