x

Galaxy S11: Спецификации, достапност и цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 30 Ноември, 2019 од GSM.mk

Што се знаеме за Galaxy S11 уредите досега?

Почнувајќи од дизајнот, конструкцијата на новите модели ќе биде од стакло и метал, а целосните димензии ќе бидат 61.9 x 73.7 x 7.8mm. На предниот дел дисплејот ќе биде 6.7 инчен со Premium Hole Infinity дизајн. Рамките околу панелот ќе бидат речиси невидливи.

Една од најинтересните карактеристики која ја слушнавме за серијата е дека главниот сензор ќе биде од 108 мегапиксели. Покрај него ќе има 48 мегапикселна камера за портрети и широкоаголен сензор, како и две ToF камери. Од функции сензорите ќе содржат 8K видеа, Video Spin, Bright Night, Single Take Photo, Night Hyperlapse и вертикални панорами. Според фотографиите кои се појавија, камерите ќе бидат сместени во горниот лев агол во систем со нов изглед во форма на буквата "L". 

GALAXYS11PLUS5K4.jpg

Во внатрешноста ќе биде Snapdragon 865 процесорот во Америка и Exynos 990 во Европа. Ќе има неколку конфигурации, но основната ќе биде од 8GB RAM и 256GB меморија. Батеријата ќе има капацитет помеѓу 4300mAh и 4900mAh во зависност од моделот. 

Samsung-Galaxy-S11e-2.jpg

Официјалното најавување на оваа серија ќе биде во периодот помеѓу 11-ти и 18-ти февруари, како и секоја година, за време на MWC 2020 настанот. Официјално уредите ќе бидат достапни на почетокот на март. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.