x

Galaxy S20 серијата изгледа прекрасно на новите фотографии!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Јануари, 2020 од GSM.mk

Ова се новите фотографии од очекуваната S20 серија:

Како што беше очекувано, ќе бидат достапни три модели - S20, S20+ и S20 Ultra. Од нив, Galaxy S20 Ultra 5G ќе има голем систем камери на задниот дел со главен сензор од 108 мегапиксели. Заедно со него ќе има уште три камери - широкаголна, за портрети и ToF сензор. Кога ќе се сврти на предниот дел се наоѓа голем, 6.9 инчен Infinity-O дисплеј со селфи камера во средината. 

samsung-galaxy-s20-ultra-image-07.jpg

Galaxy S20+ и Galaxy S20 имаат неколку промени. Најпрво, Galaxy S20+ истотака ќе има четири камери, но главната ќе биде од 12 мегапиксели. Од друга страна, S20 ќе има три камери, отстранувајќи го ToF сензорот. Истотака, на предниот дел доаѓаат со 6.7 инчен (S20+) и 6.2 инчен (S20) панел. 

samsung-galaxy-s20-image-11.jpg

Сите три S20 модели ќе бидат најавени на 11 февруари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.