x

Galaxy S20 уредите се задолжени за 94 проценти од целосната 5G продажба во Америка!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Мај, 2020 од GSM.mk

Samsung продолжува да доминира на 5G пазарот!

Големиот успех на 5G пазарот на Samsung е благодарение на Galaxy S20 серијата. И покрај моќните карактеристики, овие уреди на почетокот не беа толку популарни како што беше очекувано. Но, и покрај тоа, нивната продажба е одлична во моментот, особено во Америка. Всушност, продажбата е најголема на 5G верзиите од уредите.

Според новите податоци, Galaxy S20 Plus е најпродаваниот 5G смартфон во Америка во првиот период од 2020 година и е третиот најпопуларен Android смартфон за истиот период.

По него, на второ место по популарност се најде Galaxy S20 Ultra, со 30% од продажбата на 5G смартфони во Америка. Се разбира, на третото место се најде стандардниот Galaxy S20 во однос на продажбата со удел од 24%.

Се на се, во Америка биле продадени 3.4 милиони 5G уреди во 2020 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.