x

Galaxy S21 5G: Една од најуспешно продаваните серии на Samsung!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Април, 2021 од GSM.mk

Ако дсега не беше јасно колку е успешна Galaxy S21 серијата на Samsung, тогаш следните статистички податоци кои се појавија дефинитивно го потврдуваат тоа..

Иако сеуште е рано за компанијата да сподели податоци за индивидуалниот успех на секој од уредите во серијата, ја сподели продажбата за првиот квартал од годината - јануари до март. Според овие информации, компанијата успеала да направи приход од неверојатни 8 милијарди долари, што е значително повеќе од продажбата за истиот период минатата година, како и од последниот квартал на 2020 година.

Не само што оваа серија дојде во совршено време како конкурент на iPhone 12 уредите на Apple, истотака имаа и одлични цени со одлични попусти во голем дел од пазарите на кои беа достапни. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.