x

Galaxy S22 Ultra на тест за издржливост

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 03 Март, 2022 од GSM.mk

Дали ќе се скрши?

Дојде време најновиот телефон Samsung Galaxy S22 Ultra да се тестира за издржливост.

Зак Нелсон, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything, го објави својот најнов тест за издржливост, овојпат за телефонот Samsung Galaxy S22 Ultra.

Премиум уредот на Samsung ги помина тестовите на гребење, палење на екранот и конечно - свиткување.

И покрај користењето Gorilla Glass Victus + заштита, екранот на телефонот Galaxy S22 Ultra е изгребан на вообичаеното шесто ниво на скалата на Мос, со подлабоки засеци на седмото ниво.

Целосната рамка на телефонот е изработена од метал и најчесто се гребе со сечило од нерѓосувачки челик. Метални се и копчињата на телефонот, како и крајот на S Pen.

Кога сме кај S Pen, ниту тоа не го избегна тестот, а како помина можете да видите во придружното видео.

Најважниот дел од овој неофицијален тест е издржливоста. Samsung Galaxy S22 Ultra не покажува знаци на деформација или виткање под силен притисок со рацете.

Телефонот со голем успех го поминува тестот за издржливост на популарниот јутјубер.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.