x

Galaxy Tab A Plus (2019): Новиот буџетски таблет на Samsung!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 01 Април, 2019 од GSM.mk

Според дел од фановите, Samsung го претстави новиот Galaxy Tab A Plus (2019) само за да се натпреварува со Apple, но Android и iOS корисниците се прилично различни...

Најпрво, Android таблети се значително поевтини од оние на Apple. Но, токму поради тоа iOS уреди имаат попремиум дизајн и помоќни спецификации.


Galaxy Tab A Plus (2019) дефинитивно не е наменет да биде конкуренција на новиот iPad Mini. Иако станува збор за таблет кој е промовиран како уред од средната класа, во однос на спецификациите не е воопшто лош. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 7904, заедно со 3GB RAM и 32GB меморија, која може да биде проширена до 512GB. Станува збор за истиот процесор кој се наоѓа и во буџетскиот M20 смартфон на компанијата. На задната страна се наоѓа камера од 8 мегапиксели, придружена од селфи сензор со 5 мегапиксели. Работи на солидна батерија од 4,200 mAh, и се разбира доаѓа со S Pen пенкало.

Цената на Galaxy Tab A Plus (2019) ќе биде околу 250 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.