x

Galaxy Tab S6: Новиот премиум таблет на Samsung!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 13 Јули, 2019 од GSM.mk

Производството на следбеникот на Galaxy Tab S4 трае веќе некое време, а Samsung конечно сподели повеќе информации за новиот уред:

Најпрво, интересно е што уредот нема да биде наречен Galaxy Tab S5, туку Galaxy Tab S6. Причината позади ваквата одлука за името не е позната. 

Почнувајќи од неговиот дизајн, Galaxy Tab S6 ќе доаѓа со 10.5 инчен Super AMOLED панел, исто како минатогодишниот Galaxy Tab S4. Панелот ќе има 16:10 сооднос и резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Поради сето ова, таблетот нема да има различен дизајн на предната страна. Но, од задната страна не очекуваат повеќе промени. Слично како Galaxy Tab S5e, кој Samsung го претстави на почетокот од годината, на задната страна ќе има алуминиумска конструкција. Истотака, прв пат кај таблетите на Samsung ќе видиме повеќе од една камера. Спецификациите на камерите не се познати сеуште. 


Во минатото, Samsung користеше постари процесори кај своите таблети. На пример, Tab S4 доаѓа со Snapdragon 835, додека Tab S3 го имаше уште послабиот Snapdragon 820. За разлика од нив, Galaxy Tab S6 ќе има помоќен процесор - Snapdragon 855, наместо Snapdragon 845. Заедно со него ќе се наоѓаат најмалку 6GB RAM и 128GB меморија. 

Last year's Galaxy Tab S4

Како што би очекувале од Android таблет во 2019 година, Tab S6 ќе доаѓа со Android 9 Pie. Неговото најавување го очекуваме на 7 август, истовремено со Note 10 серијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.