x

Gameloft наскоро ќе претстави нова Leggo игра за iOS и Android!

Категорија: Забава Објавено на 25 Мај, 2019 од GSM.mk

Leggo фанови подгответе се: Gameloft тукушто најави нова Leggo игра!

Прв пат најавена минатиот декември, LEGO Legacy: Heroes Unboxed официјално ќе биде достапна оваа есен. Според Gameloft, ова е првата Lego игра од овој жанр и нејзината цел е да врати во живот повеќе од 40 години постоење на Lego фигури на забавен начин.


Имено, LEGO Legacy: Heroes Unboxed е сместена во целосно нов Lego свет, каде играчите ќе треба да собираат нови и стари Lego фигури со кои ќе може да се натпреваруваат. Нормално, во играта ќе се наоѓаат и легендарните светови кои им се омилени на фановите, рекреирани со нови детали за играчи од сите години.

LEGO Legacy: Heroes Unboxed ќе биде бесплатна и ќе биде достапна и за Android и за iOS уредите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.