x

gfgfg

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Мај, 2018 од GSM.mk

Caviar, компанијата која ја произведе специјалната Pokemon Go верзија на iPhone 6s и уште многу други екслузивни уреди, додаде уште еден член на својата серија..

Станува збор за т.н  "Putin-Trump" верзија на Nokia 3310. Официјално претставен во чест на средбата меѓу претседателите на Америка и Русија, телефонот има титаниумско тело и златна плоча од задната страна со нивните ликови.

На веб-страната, Caviar ја објасни симболиката позади својата креација. Наводно, претседателите гледаат на иста страна за да ја претстават "заедничката желба за напредок во руско-американските односи". Титаниумското тело ја претставува потребната цврстина и сила за зачувување на правдата и интересите на двете земји.

Иако цената на оригиналниот Nokia 3310 е само 50 долари, оваа нова верзија ќе чини неверојатни 2500 долари. Има заинтересирани? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.