x

Glowforge: Револуционерен ласерски принтер што сруши рекорди

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Јануари, 2016 од GSM.mk

Glowforge е ласерски 3Д принтер, продукт како ниеден досега во оваа област - може да печати на разни материјали како кожа, хартија, пластика, платно, картон и тоа само со клик на едно копче - овозможувајќи му на сопственикот креирање на бројни предмети.

Овој уред се разликува од останатите 3Д принтери по тоа што наместо да прави предмети од пластични парчиња материјал, користи ласер за сечење и гравирање на производи. Ласерот дозволува гравирање, цртање и сечење дури и на материјали што се закривени и нерамни. 

Glowforge беше дел од кампања за групно финансирање која влезе во историјата на Kickstarter и сруши рекорди - за 30 дена собра 28 милиони долари. Интересот за принтерот чија продажна цена ќе биде 3.995 долари е огромен, а оние кои направија пред-нарачка ќе го добијат за 1.995 американски долари.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.