x

God of War прогласена за видеоигра на годината во изборот на Game Awards

Категорија: Забава Објавено на 08 Декември, 2018 од GSM.mk

Конкуренцијата за видеоигра на годината во 2018 е посериозна од било кога претходно, со имиња како „Red Dead Redemption 2“, „Assassin’s Creed Odyssey“ и „Marvel’s Spider-Man“, но името на победникот е сепак еден наслов кој со години е меѓу фаворититe

„God of War“ ја однесе најпрестижната награда за видеоигра на годината во изборот на Game Awards на церемонијата која се одржа синоќа.

„Вие, фановите секаде низ светот имате исти големи соништа како и нас, а тоа е одлично чувство кое ни дозволи да влеземе во студиото и да направиме нешто како ‘God of War’“, рече Шенон Стадстил, извршниот продуцент на играта, додека ја примаше наградата во име на Sony Santa Monica Studios.

Иако главната тема на разговор во гејминг индустријата годинава беа „Fortnite“ и „Red Dead Redemption“, сепак „God of War“ беше прифатена како најдобра игра од страна на критичарите и покрај тоа што нема толку голема играчка база како претходно наведените две игри.

 „God of War“ ги освои и наградите за Најдобра режија и Најдобра акција/авантура, додека „Red Dead Redemption“ ги понесе наградите за Најдобар наратив/приказна и Најдобра музика.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.