x

Gongkai: Телефон за 12 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Април, 2013 од GSM.mk

Одговорете брзо, кој е најевтиниот телефон што можете да го купите? Веројатно повеќето од вас би рекле Nokia 105, телефон кој чини само 15-тина долари. Епа, имаме поефтина варијанта.

Кинескиот телефон Gongkai чини само 12 долари и доаѓа со полнач, футрола и кабел за поврзување со компјутер. И не, нема никакви договори со мобилни оператори, ако мислевте дека тоа е „трикот“.

Освен јавување и испраќање пораки, нема многу опции што можете да ги очекувате. Сепак, имате вграден Bluetooth, слот за MicroSD картица и поддршка за MP3 песни. Екранот е OLED и е способен за репродукција на две бои - жолта и плава.

Купувањето на овој телефон може да биде проблематично доколку живеете надвор од Кина. Но, веруваме дека се согласувате - ова е одлична и ефтина варијанта за втор телефон!


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.