x

Google Assistant наскоро ќе го препознава гласот на корисникот

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 08 Јуни, 2022 од GSM.mk

Анализа на апликацииите на Google за Android откри потенцијални планови за компанијата да го надгради виртуелниот асистент Google Assistant.

Иако „длабокото нуркање“ во APK не секогаш дава точни информации, ниту пак одредени функции се дел од новите верзии, сепак е интересно да се види дека Google презема нов голем чекор во подобрувањето на својот асистент. Системот, наводно, ќе може да го складира и анализира гласот на корисникот, со што ќе го забрза одговорот и точноста бидејќи гласот на корисникот и често користените зборови ќе му станат познати на Google Assistant.

Асистентот ќе има пристап до серверите на Google, каде што ќе се анализираат резимеа на моделите на говор на другите корисници. Функцијата најверојатно ќе овозможи понапредно препознавање на команди и имиња на контакти.

Сепак, поради загриженоста за приватноста, се верува дека Google ќе понуди опција во поставките за исклучување на персонализираното препознавање глас доколку корисникот не сака неговиот глас да биде некаде зачуван.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.