x

Google го откри изгледот на својот Pixel Watch

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 27 Септември, 2022 од GSM.mk

Паметниот часовник од Google ќе пристигне на 6 октомври, а објавениот официјален тизер го открива неговиот изглед од сите агли и во сите бои во кои ќе биде достапен.

По овој клип, единствената мистерија е големината на кружниот раб. Дизајнот е доста уникатен и привлечен, но огромниот раб (рамка) би можел значително да го расипе дизајнот.

Што се однесува до нараквицата, таа изгледа модерно, но е „инспирирана“ од дизајнот на Apple.


Се шпекулира дека Pixel Watch ќе чини помеѓу 250 и 350 евра со Wi-Fi и Bluetooth поврзување, или околу 400 долари со LTE функционалност.

Презентацијата на паметниот часовник е закажана за 6 октомври.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.