x

Google го откри новиот Pixel 4 бидејќи му здосади од протекувања и шпекулации

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Јуни, 2019 од GSM.mk

Наместо да чека малку по малку да биде откриван од страна на „протекувања“ од инсајдери во телефонската индустрија, Google го претстави Pixel 4 неколку месеци пред неговата официјална премиера.

Заедно со фотографија која ја објави на Twitter синоќа, Google го претстави изгледот на новиот Pixel 4 – флегшипот од последната генерација на смартфони од технолошкиот гигант.

„Изгледа дека има интерес за него, затоа повелете! Почекајте за да видите што може да направи“, беше напишано во твитот на официјалниот профил на Google.

Според фотографиите, Google за првпат вметнува систем од две камери на задната страна кај еден од моделите од производната линија на Pixel, со што им се придружува на компании како Apple, Huawei и Samsung како производител чии телефони имаат повеќе од една леќа на задниот дел од уредите.

Сепак, и покрај шпекулациите дека сензорот за отпечатоци од прст ќе се наоѓа на задниот дел од телефонот, на фотографиите не се гледа такво нешто.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.