x

Google го покажа темниот режим на Android Q

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 10 Мај, 2019 од GSM.mk

На светот постојат два вида на луѓе: едни кои сакаат темен режим на секоја апликација и други на кои не им е гајле дали белата позадина на некоја апликација ќе ги заслепи навечер. За оние првите, Android подготви темен режим на оперативниот систем Q.

Темниот режим станува многу популарен кај корисниците, а во последниот период тој стана достапен кај Facebook Messenger, Google Chrome и уште неколку популарни апликации.

За почеток, темниот режим на Android Q е многу лесен за активирање. Првата опција, секако, е да пристапите до него преку слегувачкото мени од врвот на екранот, кое е наменетно за брз пристап до одредени функции. Оттаму, изберете ја опцијата која е илустрирана со мало кругче во црна и бела боја.

Алтернативно, можете да го активирате темниот режим преку менито Settings. Најдете ја опцијата Display, притиснете на копчето Theme и потоа одберете помеѓу Light Theme или Dark Theme.

Откако ќе се вклучи темниот режим, ви станува јасно дека не се работи само за потемна позадина на екранот, како што сугерираше името Dark Theme. Од бели, нотификациите се претвораат во целосно црни, исто како и опциите и функциите во апликациите. Во некои случаи, наместо црни, тие се претвораат во темно сиви.

Ова е сѐ што знаеме досега за темниот режим на Android Q, бидејќи оперативниот систем и понатаму е во демо верзија и не е целосно завршен.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.