x

Google ја отстрани секцијата за таблети од Android веб-страната!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Јуни, 2018 од GSM.mk

Со 6.4 инчен Galaxy Note 9, кој се очекува да биде претставен во септември, прашањето е, на кого сеуште му е потребен Android таблет?

Екраните на новите смартфони, кои се се поголеми и поголеми, се една од причините за драстично намалената продажба на таблети на глобално ниво. Дури и сопствениците на таблети се подновуваат со нови уреди на секои две до три години. Најверојатно поради тоа, Google ја отстрани секцијата за таблети од Android веб-страната. 

Како мало потсетување, постоеше период кога Android таблетите имаа своја верзија од оперативниот систем, позната како Honeycomb (Android 3.0). Без поддршката од Google, најверојатно нема да добиеме нови Android таблети наскоро. 

Според IDC, 163.5 милиони таблети биле продадени минатата година на глобално ниво, што е 6.5% помалку од продажбата во 2016 година. Apple сеуште ја има најпозната линија таблети, додека Google очигледно се откажува од Android верзиите од уредите. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.