x

Google ќе ги претстави Pixel 7, Pixel 7 Pro и Pixel Watch на 6 октомври

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Септември, 2022 од GSM.mk

Google веќе ги задеваше своите претстојни паметни телефони Pixel 7 и Pixel 7 Pro, како и Pixel Watch, во мај на својата I/O конференција за развивачи, а денес компанијата се врати со вистински датум за нивно целосно претставување. 

Како и да е, Google ќе ги претстави своите нови уреди на 6 октомври, во 10 часот по ET. 

Google Pixel 7 in Obsidian, Lemongrass, and Snow (left to right)Google Pixel 7 in Obsidian, Lemongrass, and Snow (left to right)Google Pixel 7 in Obsidian, Lemongrass, and Snow (left to right)

Компанијата, исто така, го објави името на новиот чипсет што ќе биде во срцето на Pixel 7 и Pixel 7 Pro, и нема да се вика Tensor 2 како што сите претпоставуваа, туку Tensor G2. „G“ за Google, можеби?

Конечно, Google ги откри боите за претстојните уреди. Така, Pixel 7 ќе биде достапен во Obsidian, Lemongrass и Snow, додека Pixel 7 Pro ќе се нуди во обсидиан, Hazel и Snow.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.