x

Google ќе ги забрани апликациите за купување сексуални услуги на интернет

Категорија: Занимливости Објавено на 31 Јули, 2021 од GSM.mk

Google ќе ги забрани апликациите „за компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating)“, кои служат за продавање и купување сексуални услуги на интернет.

Се работи за платформите Sugar Daddy Meet, Elite Millionaire singles, Seeking Arrangement и Spoil. Интернет-концептот е таков што исклучително богати мажи (најчесто повозрасни), бараат помлади девојки и жени поради секс за пари.

Отстранувањето е дел од новата политика на Google за ограничување на сексуалните содржини.

Забраната од Play Store за ваквиот вид апликации стапува во сила на 1 септември оваа 2021 година, а истата не важи за апликациите за запознавање.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.