x

Google Maps добива офлајн навигација!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 15 Ноември, 2015 од GSM.mk

Кога станува збор за мапи, дефинитивно на првото место е Google Maps сервисот. Сепак, еден проблем е што бара интернет врска за користење...

Кога сте во странство, голема е веројатноста дека вашиот мобилен пакет не покрива 3G/4G роаминг, со што мора да користите некоја од останатите навигации, на пример Navigon. Конечно, преку Google Maps можете да симнете дел од мапа и потоа да ја користите без разлика дали сте приклучени на интернет со вашиот телефон или таблет. Мапата автоматски ќе се апдејтира на секои 15 дена кога вашиот уред е приклучен на полнач или Wi-Fi мрежа.

Лимитациите се дека бизнисите во таа област ќе се појавуваат само со имиња, а исто така нема да можете да користите сателитски поглед, туку само генералната мапа. Ова е направено со цел да се зема што е можно помал простор на уредите.

Новата верзија е уште веднаш достапна на Android, а на iOS доаѓа до крајот на овој месец.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.