x

Google: Најлошите лозинки за 2018 година!

Категорија: Занимливости Објавено на 16 Декември, 2018 од GSM.mk

Без разлика колку сте внимателни при користењето на интернетот, Вашата безбедност никогаш не е целосно сигурна. Сепак, мали промени, како потешка лозинка, можат да ви помогнат во заштитата на личните информации...

И покрај големите обиди на компаниите да ги заштитат личните информации на своите корисници, дел од нив никогаш не учат и стануваат голема и лесна мета за хакерите. Google ја објави официјалната листа на најкористени лозинки за оваа година, и верувале или не, “123456” е сеуште на врвот на листата.

Имено, со користење на лозинка како “123456”, шансите дека ќе бидете хакирани се прилично големи. Други најчесто користени лозинки се: “password” “123456789”, “12345678”, “12345”, “111111”, “sunshine”, “princess”, “Football”, “monkey”.

Наш совет: Одберете се спонтана, долга, непресонална лозинка, придружена од бројки и знаци. Никогаш не може да бидете премногу безбедни!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.