x

Google отстрани 600 апликации од Play Store!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 25 Февруари, 2020 од GSM.mk

Последниве неколку месеци, Google е на мисија да ги отстрани сите непосакувани апликации од Play Store..

Во последната иницијатива, компанијата отстрани дури 600 апликации. Според Google, причината позади нивното отстранување е бидејќи прекршиле две од правилата за начинот на кој може да се рекламираат. Една од нив е "disruptive ad" полисата.

На кратко, Google ги опишува "disruptive" рекламите како "непосакувани реклами кои се појавуваат на уредот на корисникот на неочекуван начин". Најчесто ова се реклами кои се појавуваат во позадина на апликацијата и корисникот може несвесно да кликне на нив.

Апликациите биле отстранети од Play Store и банирани од AdMob и Ad Manager платформите за монетизација. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.