x

Google отстрани седум шпионски апликации од Play Store!

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Јули, 2019 од GSM.mk

Како што заштитата на персоналните информации станува се поголем проблем, големите компании се обидуваат на секој начин да ги отстранат апликациите кои би можеле да им наштета на корисниците..

Безбедносната фирма Avast откри неколку апликации во Play Store кој може да бидат штетни за корисниците. Станува збор за апликации, кои обично се дизајнирани од руски фирми и имаат за цел да шпионираат. Иако овие апликации беа отстранети, веќе повеќе од 130,000 пати биле симнати. Само две од овие апликации, Spy Tracker и SMS Tracker биле симнати повеќе од 50,000 пати. 

Апликациите биле направени со цел корисниците да ги "надгледуваат" своите деца, вработени, дечко/девојка и слично. Но, за да работат, овие апликации мора да имаат пристап до телефонот на корисникот. Тоа значи дека може да користат e-mail адреси, лозинки и слично. Откако ќе бидат инсталирани, апликацијата му покажувала на "шпионот" како може да ја направи невидлива, за лицето на чиј телефон се наоѓа да не може да ја гледа.

Ова е листата на избришани апликации:

  • Track Employees Check Work Phone Online Spy Free
  • Spy Kids Tracker
  • Phone Cell Tracker
  • Mobile Tracking
  • Spy Tracker
  • SMS Tracker
  • Employee Work Spy

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.