x

Google Pixel 4 и Pixel 4 XL: Први спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јули, 2019 од GSM.mk

Веќе се запознавме со изгледот на Pixel 4 и Pixel 4 XL, a сега дојде време да ги запознаеме и нивните спецификации:

Како што се очекуваше, Pixel 4 и 4 XL ќе имаа иста големина со нивните претходници. И покрај тоа, дисплејот ќе има големи промени кои вклучуваат повисок панел со поголема горна рамка. Имено, Pixel 4 ќе има резолуција од 2280 x 1080 пиксели, додека Pixel 4 XL ќе има резолуција од 3040 x 1440 пиксели. Како за споредба, минатите модели беа со 2160 x 1080 и 2960 x 1440 пиксели.

Преминувајќи на внатрешните спецификации, минатата серија доаѓаше со 4GB RAM. Ова ниво на RAM беше доволно за втората генерација Pixel уреди, но тоа е помалку од меморијата која ја нудат нивните ривали. За среќа, Pixel 4 уредите ќе имаат најмалку 6GB RAM, како и 128GB меморија. Заедно со меморијата, уредите ќе имаат и нов процесор - најверојатно Snapdragon 855 или Snapdragon 855 Plus. 

Google Pixel 4 CAD-based render - Alleged Google Pixel 4 & Pixel 4 XL specs emerge in new leak
Навраќајќи се на дизајнот, на задната страна повторно не очекува поголема промена. Со сличен изглед како што ќе има iPhone 11 серијата, Pixel 4 смартфоните ќе има систем од камери кој ќе се наоѓа во горниот лев агол. Една разлика е што кај смартфоните на Pixel станува збор за две, наместо три камери. 

Google Pixel 4 concept render based on confirmed information - Alleged Google Pixel 4 & Pixel 4 XL specs emerge in new leak

Претставувањето на  Google Pixel 4 и Pixel 4 XL го очекуваме во октомври.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.