x

Google Pixel 4: Нов дизајн и модерни камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Јуни, 2019 од GSM.mk

Пред неколку дена се појавија првите фотографии од потенцијалниот дизајн на Pixel 4 и 4 XL, а сега имаме и нови слики кои откриваат повеќе детали за нивниот дизајн..

Како и што се зборуваше претходно, новите слики потврдуваат систем од најмалку три камери на задната страна, сместени во горниот лев агол и со сличен дизајн како оној кој го очекуваме кај iPhone 11. Заедно со нив ќе има и LED блиц.


На почетокот се зборуваше дека Pixel 4 уредите ќе доаѓаат со дупка во панелот, но според новите фотографии изгледа дека сепак нема да станува збор за таков дизајн. Наместо него, ќе се наоѓа голем notch во средината. Минатогодишните Pixel 3 уреди имаат две селфи камери, но оваа година компанијата подготвува уште поуникатен систем камери, со најмалку 5 сензори.

Is Google preparing a Face ID rival?

Од останатите спецификации очекуваме безжично полнење, Snapdragon 855, најмалку 6GB RAM и 128GB меморија. Се разбира, ќе работи и на најновиот Android софтвер.

Huge Google Pixel 4 leak reveals major camera and design details


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.