x

Google призна: Ви ги читаме мејловите!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 19 Април, 2014 од GSM.mk

Google ги дополни условите за користење на Gmail со цел на неговите корисници да им стави до знаење дека ги прегледува сите пораки, пишува Guardian.

Сега во условите се наведува дека автоматизираниот софтвер на Google ја прегледува содржината на електронската пошта, која се чува на нивните сервери, како и оние кои се испраќаат и примаат на Gmail. Оваа компанија ги прегледува пораките, за да препознае несакана пошта и опасен софтвер од една, како и важна пошта од друга страна.

“Ова не е најлошата работа која ја работи Google. Но, како и со останатите слични работи, ако луѓето тоа ги загрижува, би требало да имаат можност да ја исклучат оваа опција, ако сакаат“, истакнува Џим Килок, директор на британската организација Open Rights Group, чија цел е заштита на човековите права во дигитално време.

Тој додава дека уште поопасно е што Google чува и складира одредени информации за поединци.

Извор: Think.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.