x

Google продаде само 3,9 милиони Pixel телефони во 2017

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Февруари, 2018 од GSM.mk

Во првите 16 месеци откако за првпат беше пуштен во продажба, Google Pixel доби многу пофалби и позитивни реакции од корисниците, но тоа не резултираше во добри бројки за продажба.

Последните податоци кои ги објави Франциско Џеронимо од IDC велат дека Google продале 3,9 милиони Pixel и Pixel 2 уреди во 2017 година.

Ако се спореди оваа бројка со вкупниот број на смартфони на глобалниот пазар (1,5 милијарди уреди) тогаш може да се заклучи дека оваа бројка би можела да биде само грешка при броење на продажбата на некои од компаниите. Вкупната годишна продажба на Google Pixel е сепак помала од неделната продажба на iPhone.

Иако бројките се мали во однос на конкуренцијата, извештајот на IDC вели дека Google се движат во вистинската насока. Џеронимо вели дека продажбата се дуплирала во 2017 година, а тоа го потврдува и светската берза, која вели дека акциите на Google на пазарот за смартфони пораснале од 1,8 на 2,8 проценти во минатата година.

Додека овој пораст изгледа многу мал, сепак бројките ветуваат нешто. Ако на тоа се додаде амбицијата која Google ја покажува за да стане сериозен конкурент на хардвер пазарот на технологија, може да кажеме дека пред Pixel стои светла иднина.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.