x

Google VS. Huawei: 12 најчесто поставувани прашања

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Мај, 2019 од GSM.mk

Откако информацијата дека Huawei останува без поддршка за Android поради санкциите од Google ги вознемири милионите корисници ширум светот, кинескиот технолошки гигант најави дека веќе работи на алтернатива на апликацијата Google Play Store.

Со оглед на тоа дека постои огромно интересирање ширум светот, како кај корисниците, така и кај пошироката јавност, за односите меѓу Google и Huawei, кинескиот технолошки гигант пред неколку дена даде одговори на најчесто поставуваните прашања на корисниците.

Дали оваа ситуација ќе влијае врз продажбата на постоечките Huawei уреди? Колкаво влијание ќе има ова на групацијата Huawei Consumer Business?

-Huawei ќе продолжи да пружа безбедносни и софтверски ажурирања, како и постпродажни услуги на своите постоечки корисници на Huawei и HONOR смартфони и таблети, со што се опфатени сите уреди што се веќе продадени или се на лагер на светските пазари.

Дали прекинувањето на соработката со компанијата Google ќе има влијание на работењето на компанијата Huawei во Кина?

-Не.

Дали корисниците ќе бидат во можност да продолжат да ги користат услугите на Google, како Google Play и Gmail, на своите Huawei уреди?

-Уредите што се веќе продадени или моментално се наоѓаат во продажба нема да бидат засегнати од оваа одлука. Корисниците ќе може да продолжат да ги користат овие услуги како и досега.

Дали ова ќе влијае на нормалното користење на уредите Huawei?

-Уредите што се веќе продадени или моментално се наоѓаат во продажба нема да бидат засегнати од оваа одлука. Корисниците ќе може да продолжат да ги користат овие услуги како и досега.

Дали корисниците ќе бидат во можност да ги ажурираат Google апликациите?

-Да.

Дали телефоните Huawei ќе бидат во можност да добиваат пакети за ажурирање на оперативниот систем Android?

-Ќе продолжиме да пружаме пакети за ажурирање на корисничкиот интерфејс Huawei EMUI.

Дали телефоните Huawei ќе поддржуваат Android Q?

-Повеќе детали за ова ќе бидат достапни во рамки на наредните нотификации за ажурирање на оперативниот систем.

Дали корисниците ќе бидат во можност да ги ажурираат апликациите што не ги произведува компанијата Google?

-Да, корисниците и понатаму ќе можат да ги ажурираат апликациите што не ги произведува компанијата Google.

Дали телефоните Huawei и понатаму ќе може да ги добиваат безбедносните patch пакети на Google?

-Да.

Ако корисниците го ресетираат својот Huawei телефон на фабрички нагодувања, дали тоа ќе има влијание на неговата способност да користи Google услуги во иднина?

-Не, ресетирањето на телефонот на фабрички нагодувања нема да има вакво влијание.

Дали Huawei уредите што уште не се претставени ќе бидат опфатени со оваа одлука?

-Huawei ќе продолжи да пружа безбедносни и софтверски ажурирања, како и постпродажни услуги на своите постоечки корисници на Huawei и HONOR смартфони и таблети, со што се опфатени сите уреди што се веќе продадени или се на лагер на светските пазари.

Дали ова значи дека Huawei ќе го забрза развојот и пуштањето во употреба на свој оперативен систем?

-Android е оперативен систем со отворен код и Huawei во значителна мера придонесе во неговиот развој и раст ширум светот. Еден од нашите приоритети ќе биде да продолжиме да работиме на развој и користење на екосистемот Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.