x

Графенската батерија пристигнува на пазарот наскоро

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Јануари, 2020 од GSM.mk

За графенските батерии се зборува со години, а она што го ветуваат е поголема издржливост, пократко полнење и конечен крај на ерата на литиум-јонските батерии.

Се ближи денот кога ќе бидат претставени.

Real Graphene, технолошкиот бизнис од Лос Анџелес сака да биде првата компанија која ќе зачекори на пазарот на графенски батерии.

Батериите на Real Graphene ќе бидат во две големини, со верзија од 10.000 mAh и втората верзија која има 20.000 mAh.

Но, производството на овие батерии ќе биде поскапо за разлика од литиум-јонските батерии бидејќи ќе бидат потребни 30 проценти повеќе ресурси за да се направат.

Знаеме дека Samsung е една од првите компании кои го тестираа графенот како материјал за батерии, но уште не се појавил уред во кој е применет.

Новата батерија што ја користи оваа нова технологија ќе се полни дури пет пати побрзо од литиум-јонските батерии што се користат во повеќето современи мобилни телефони. Графенот исто така го зголемува капацитетот на батеријата за 45%, што воопшто не е малку.

По своите првични истражувања Samsung откри дека графенот е 100 пати поефикасен спроводник од бакарот, па поради тоа е „совршен материјал за брзо полнење“.

Но, инсајдери во оваа индустрија велат дека Кинезите се поблиску до пласирање на готов производ и тоа уште во првото тримесечје од 2020 година, или попрецизно кон крајот на март.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.