x

Gran Turismo Sport доби седум нови автомобили и нова патека

Категорија: Забава Објавено на 20 Август, 2018 од GSM.mk

Најновиот апдејт на една од најпопуларните игри со автомобили „Gran Turismo Sport“ ни носи неколку новитети кои го дополнуваат изборот на автомобили и го прави играчкото искуство многу подобро.

Се работи за седум нови автомобили, како и нова патека со шест можни конфигурации. Највпечатлива новост е болидот на Ф1 возачот Луис Хамилтон од тимот на Mercedes, но покрај него тука се и Mazda 787B, Honda S660, Ford GT LM Spec II и Ferrari 250 GTO.

Новата патека Circuit de Sainte-Croix е измислена, долга 9,5 км и има 19 кривини.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.