x

Гребење, палење и виткање: Huawei P20 на тест на издржливост

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Мај, 2018 од GSM.mk

Најновиот флегшип смарфон на кинеската компанија Huawei - моделот P20 Pro беше ставен на тестот на издржливост на авторот на YouTube каналот JerryRigEverything.

Најновото „малтретирање“ на овој уред покажа дека стаклото на екранот на смартфонот може да се изгребе на шесто ниво на скалата Mohs, а на седмото ниво се гледаат подлабоки траги на оштетување.

Huawei je na P20 Pro има вградена пластична заштита за екранот, но компанијата не спомнува дали уредот има Gorilla Glass заштита на стаклото во каква било форма. Најверојатно станува збор за обично калено стакло од генерички тип.

Ова, судејќи по тестот, претставува проблем, бидејќи на тестот на свиткување предното стакло на телефонот P20 Pro испука. Сепак станува збор само за стаклото – AMOLED панелот под него остана неоштетен

На тестот за палење, AMOLED екранот на телефонот „преживува“ околу 20 секунди, меѓутоа после ова не се опоравува од последиците, што е согласно оваа технологија.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.