x

HabitLab: Алатка која ќе ви помогне да поминувате помалку време на интернет

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Август, 2018 од GSM.mk

Живеме во време кога е сѐ потешко да го избегнеме користењето на интернетот, а најголемиот предизвик се социјалните платформи како Facebook, Twitter и YouTube, кои како да ве привлекуваат да ги користите секој ден, и тоа сѐ повеќе.

HabitLab е проект на Универзитетот од Стенфорд чија задача е да го направи одвикнувањето од интернет малку полесно.

Начинот на кој работи е всушност многу уникатен. Наместо да ги блокира страниците од кои сакате да се тргнете, оваа Chrome алатка користи различни начини за блокирање на тајмлајнот на социјалните мрежи или пак криење на коментарите.

За да почнете да ја користите оваа алатка, мора да ѝ кажете што сакате да биде блокирано. Можете да ја додадете било која страна од која сакате да се „одвикнете“, но примарно е направена за да поддржува страни како Gmail, Netflix, YouTube и Reddit. Кога ќе ја одберете страницата, HabitLab со помош на вештачка интелигенција ќе интервенира и ќе ви помогне да ја намалите употребата на одбраните страници.

Кратка илустрација како работи HabitLab: Да речеме дека сте логирани на Facebook. Оваа алатка ќе ги блокира коментарите на објавата на вашите пријатели за да ве натера да скролате побрзо. Или пак, ако сте вклучени на YouTube може да го паузира видеото за да ви предложи да правите нешто друго.

Поради користењето на вештачка интелигенција, HabitLab брзо ќе научи каде треба да интервенира и со секој поминат ден ќе го направи вашето корисничко искуство подобро. Таа нема да ви забрани да ги користите овие страници, туку ќе ве натера да размислите дали навистина ги користите премногу и предолго.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.