x

Хакер украде лозинки на повеќе од 500 000 сервери, рутери и IoT уреди!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Јануари, 2020 од GSM.mk

Хакер сподели листа на лозинки на повеќе од 500 000 сервери и рутери..

Листата, која била објавена на популарен хакерски форум, ги вклучувала IP адресите на секој уред, заедно со кориснички имиња и лозинки за Telnet сервисот. Овој вид на листи, наречени "bot" листи се честа компонента на IoT операција. Хакерите го скенираат интеренетот за да креираат вакви листи и потоа ги користат за да се конектираат на уредите и да инсталираат вирус. 

iot-list-files.png

Сите информации кои хакерот ги објавил биле од октомври до ноември, претходната година. Дел од овие уреди можеби сега работат на различни IP адреси, или користат други податоци за логирање. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.