x

Хакери објавија информации за 1,3 милиони корисници на Clubhouse

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Април, 2021 од GSM.mk

Непознати хакери ги објавија податоците на 1,3 милиони корисници на социјалната мрежа Clubhouse, соопшти интернет порталот CyberNews.

Информацијата се појави на популарен форум меѓу хакерите во мрежата.

Станува збор за имиња наведени во профилите на корисниците, врски до нивните фотографии, како и информации за нивните профили на други социјални мрежи. Објавени се податоци за тоа кој ги поканил корисниците на Clubhouse кога се регистрирале.

Експертите предупредуваат дека тие информации би можеле да им помогнат на хакерите да ги злоупотребат банкарските сметки на граѓаните.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.