x

Хакерска закана: Facebook профилот на Марк Закерберг ќе биде избришан во недела

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Септември, 2018 од GSM.mk

Тајвански хакер најави дека ќе врши директен пренос преку Facebook Live од неговото хакирање и бришење на профилот на Марк Закерберг од неговата социјална мрежа. Преку објава поставена на Facebook тој вети дека ќе успее во неговата мисија.

Чанг Чи-јуан е „white hat“ хакер – термин кој се користи за безбедносни хакери кои ја тестираат издржливоста на системите со тоа што ги хакираат и ги наоѓаат баговите.

Чанг е познат во неговата татковина Тајван, а покрај тоа е и светски признат и наградуван безбедносен хакер. Неодамна една тајванска автобуска компанија го тужеше бидејќи го хакирал нивниот систем и си купил билет за само еден тајвански долар (1,74 македонски денар).

Хакерот претходно многупати пишуваше дека би сакал да го искористи хакирањето за да заработи пари. Facebook има програма со официјалната политика за одбрана од багови во која пишува дека „ќе биде признаена и наградена“ секоја интервенција која ќе укаже кон ранливост на системот на Facebook.

Ако на Чанг му успее мисијата, тогаш нема да биде првпат Facebook профилот на Закерберг да биде хакиран. Во 2011 година еден хакер успеа да објави статус од профилот на Закерберг, со што го охрабри основачот на Facebook да им дозволи на корисниците да имаат нивен инпут во социјалната мрежа и ја претвори компанијата во „социјален бизнис“.

Таканаречениот „хакерски спектакл“ е закажан да се одржи оваа недела точно во 12:00 часот по македонско време, а истиот ќе можете да го проследите на Facebook профилот на Чанг.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.