x

Хакерски DDoS напади од Кина, Виетнам и Русија врз унгарските финансиски институции

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Септември, 2020 од GSM.mk

Унгарските финансиски институции и телекомуникациската инфраструктура пред два дена претрпеле силен сајбер напад од компјутерски сервери лоцирани во Русија, Кина и Виетнам, соопшти денеска телекомуникациската компанија Magyar Telekom.

Институциите и инфраструктурата доживеале таканаречен DDoS напад во кој хакерите ја преплавуваат мрежата со невообичаено голем интернет сообраќај со цел да ја парализираат.

Овој напад беше 10 пати помоќен од вообичаените DDoS напади, соопшти Magyar Telekom.

„Ова значи дека во однос на големината и комплексноста ова беше еден од досега најголемите хакерски напади во Унгарија“, додаде телекомуникациската компанија.

Нападот се случил во неколку бранови, нарушувајќи ги услугите на некои финансиски институции и нарушувајќи некои услуги на Magyar Telekom во делови од Будимпешта.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.