x

HarmonyOS на Huawei пристигнува на 2 јуни

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 26 Мај, 2021 од GSM.mk

Во последниот период имаше многу неофицијални информации поврзани со оперативниот систем HarmonyOS на Huawei, a сега е познато официјално дека ќе биде претставен на 2 јуни.

Оперативниот систем ќе биде претставен на настан на кој ќе бидат претставени и два нови уреди, а тоа се Huawei MatePad Pro 2 и Huawei Watch 3, кои доаѓаат делумно да помогнат на лансирањето на подобрената верзија на оперативниот систем кој технички е HarmonyOS 2.0.

HarmonyOS e веќе присутен и се користи за некои IoT и TV уреди, но сега доаѓа и на мобилните и таблетите како ривал на Android.

Санкциите за соработка помеѓу Huawei и Google кои ги воведоа САД претставуваа хендикеп за одличниот хардвер на Huawei, но HarmonyOS 2.0 би требало да означи почеток на ново поглавје во приказната на Huawei.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.