x

Hauwei го надмина Apple по продажбата на смартфони

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Септември, 2018 од GSM.mk

Samsung мобилните телефони остануваат најпродавани, но за прв пат во второто тримесечје од 2018 година, кинескиот произведувач Huawei забележа поголема продажба на смартфон уреди од компанијата на Apple, покажуваат податоците кои ги објави „Gartner“.

Во второто тримесечје од оваа година, Huawei прв пат го надмина Apple по продажбата на паметни телефони.

Според податоците на компанијата Gartner, кинескиот произведувач од април па до јуни продаде 54 милиони смартфони, со што стана втор во светот по продажба на телефони.

На првото место и понатаму останува Samsung, со повеќе од 70 милиони продадени уреди во истиот период.

Продажбата на смартфони порасна во второто тримесечје од 2018 година за два проценти, во споредба со истиот период од 2017 година, додава Gartner во своето соопштение.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.