x

HMD Global: Nokia X5 и X7 ќе бидат достапни насекаде низ светот, X6 само во Кина

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Мај, 2018 од GSM.mk

Nokia X6 е еден од најинтересните смартфони кои HMD Global ги има претставено досега, но достапен е само во Кина. За среќа, наскоро работите ќе се променат..

Иако финската компанија обично прво ги претставува новите смартфони во Кина, а потоа стануваа достапни на глоблано ниво, истото нема да се случи со Nokia X6. Првиот телефон на HMD Global кој доаѓа со целосен дисплеј ќе остане екслузивен само во Кина. Добрите вести се што компанијата припрема два нови уреди во X серијата кои ќе бидат достапни глобално.

Nokia X5 и Nokia X7 се два ненајавени Android телефони кои HMD Global ќе ги претстави до крајот на годината. За жал, сеуште не се достапни никакви информации за нивните спецификации, така што не знаеме дали ќе доаѓаат со ист дизајн како X6 или не. Судејќи по имињата, првиот, Nokia X5, ќе има малку послаби спецификации од Nokia X6, додека Nokia X7 ќе биде помоќен

HMD потврди настан на 29 мај во Русија, но сеуште не знаеме што планира да претставни на него. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.