x

HMD Global: Откажано претставувањето на Nokia X5!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јули, 2018 од GSM.mk

Минатата недела, HMD Global најави дека Nokia X5, кој ќе се продава како 5.1 Plus на глобално ниво, ќе биде претставен во Кина на 11 јули. Но, само неколку часа пред претставувањето, компанијата ги промени плановите..

Само неколку часа пред претставувањето на Nokia X5, HMD Global изјави на веб-страната Weibo дека настанот е одложен. Иако точната причината позади одлуката не е позната, компанијата има споменато дека настанале некакви проблеми со местото каде  требало да биде претставен. За жал, HMD сеуште го нема објавено новиот датум на претставување на уредот. 

За оние кои не се запознаени, Nokia X5 доаѓа со висок 5.8 инчен дисплеј и MediaTek Helio P60. Процесорот е придружен од три верзии - 3GB, 4GB или 6GB RAM и 32GB, 64GB или 128GB меморија. Работи на батерија од 3,000mAh. 

Поради фактот што комапнијата сеуште го нема објавено новиот датум, нетрпеливите фанови ќе треба да го почекаат уредот малку повеќе од очекуваното.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.