x

HMD Global призна: Nokia смартфоните имаат голем проблем!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јуни, 2019 од GSM.mk

HMD Global, компанијата одговрна за Nokia смартфоните, претставува неколку уреди секоја година со различни цени и различни спецификации. Но, има еден проблем...

Колку повеќе уреди претставува компанијата, толку е потешко за корисниците да ја најдат разликата меѓу нив. Доколку HMD Global не почне да користи појасни имиња за овие уреди, корисниците дефинитивно ќе бидат уште позбунети. Компанијата смета дека одлично ги покри сите цени и сите спецификации со своите смартфони, но истовремено призна и дека згреши при нивното именување.

Именo, извршниот директор на компанијата изјави дека иако има претставено најмалку 12 нови смартфони во Индија, не успеа доволно добро да ги објасни разликите меѓу нив и да ги именува како што треба. Иако се обиде подоцна да ги промени овие имиња, корисниците сеуште не наоѓаат разлика меѓу телефони како Nokia 3 и 3.1, или Nokia 8 и 8.1.

Добрите вести се што HMD Global планира да го реши проблемот, а новата стратегија на компанијата ќе се фокусира на појасни имиња и разлики меѓу уредите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.