x

Honor 20: Дизајн, бои, спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Мај, 2019 од GSM.mk

Иако Huawei има проблеми во моментот, сепак компанијата нема никакви планови да го одложи претставувањето на Honor 20.

Honor 20, како и повеќето смартфони во 2019 година, доаѓа со голем, 6.2 инчен AMOLED панел и тенки рамки. Од друга страна, за разлика од овие уреди, на горната страна нема notch, туку дупка каде се наоѓа селфи камерата. Друга функција која често ја има кај премиум уредите, а е достапна и кај Honor 20 е скенерот за отпечатоци под дисплејот.

На задната страна, дефинитивно се забележува дека бил инспириран од Huawei P30 Pro. Во горниот лев агол се наоѓа вертикално поставен систем од три камери, заедно со LED блиц. Од нив, главниот сензор е со 48 мегапиксели, придружен од 12 мегапикселен секундарен сензор и трета, 16 мегапикселна камера. Селфи камерата е од 32 мегапиксели.

Big Honor 20 leak reveals design & colors, corroborates specs

Преминувајќи во внатрешноста, веројатно ќе се наоѓа Kirin 980, кој го има и во Huawei Mate 20 Pro и Mate 30 Pro. Како за споредба, има слични перформанси со Snapdragon 855, кој се наоѓа во OnePlus 7 Pro и Galaxy S10. Работи на батерија од 3,750mAh, која може да се наполни до 50% за само 30 минути.

Цената на уредот сеуште не е откриена, но ќе биде некаде околу 750 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.