x

Honor 20: Night Mode, спецификации и достапност!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Април, 2019 од GSM.mk

Секоја година, 2-3 месеци по претставувањето на своите флегшип модели, Huawei го посветува своето внимание кон Honor смартфоните...

Како и секоја година, и овој пат Honor 20 серијата ќе биде претставена на 20 мај во Лондон.

Првиот уред, познат како Honor 20 ќе биде следбеник на минатогодишниот Honor 10 и ќе биде најевтиниот уред на Huawei. На надворешната страна ќе има голем дисплеј со notch и тенки рамки. На задниот дел ќе има три камери, а Kirin 980 во внатрешноста.

Вториот уред ќе биде Honor 20 Pro, кој ќе биде сличен со Huawei P30 Pro. Уредот ќе доаѓа со слични камери како P30 Pro и Kirin 980 во внатрешноста.

Иако Honor 20 и Honor 20 Pro ќе имаат неколку слични спецификации со нивните Huawei партнери, сепак ќе доаѓаат и со голем број различности. Поспецифично, камерите на Honor ќе бидат со послаб квалитет. Но, според фотографиите кои се појавија, Honor смартфоните сепак ќе имаат Night Mode, кој овозможува квалитетни фотографии и при ниска светлина.

Honor 20 series invite

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.