x

Honor 8X: Модерен дизајн и буџетска цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Август, 2018 од GSM.mk

Доколку не знаевте досега колку Huawei го има засакано новиот "iPhone X дизајн" на екраните, компанијата наскоро планира да претстави два нови уреди со ваков изглед..

Иако точните спецификации и имиња на уредите сеуште не се познати, наводно двата ќе бидат следбеници на Honor 7X. Се разбира, двата неможе да бидат наречени Honor 8X, така што едниот од нив најверојатно ќе биде познат како Honor 8S или Honor 8X Max.

One of these two 'notchy' phones is probably the ultra-affordable Honor 8X

Според фотографиите, станува збор за два нискобуџетни смартфони со дуален систем камери на предната страна, како и дисплеј со iPhone X дизајн. Како и кај сите нови телефони, рамките околу екранот се смалени, речиси невидливи. 

Додека голем дел од спецификациите не се познати, речиси е сигурно дека ќе доаѓаат со 6.5 инчен дисплеј, Kirin 710, батерија од 3,500 mAh и почетна цена од 188 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.